Македонија
30. јуни 2016 - 9:05

Изложба со портрети на Св. Климент Охридски во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите вечер ќе биде отворена изложбата „Портретите на Св. Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.

Како што соопшти МАНУ, постановката ќе ја отвори академик Цветан Грозданов, кој го направи и изборот на ликовните дела.