Македонија
4. February 2016 - 8:40

Изложба на ликовни дела од лица со телесен инвалидитет

Во мултифункционалниот објект Порта Македонија денеска ќе биде отворена изложба на ликовни дела изработени од академски сликари и талентирани лица со телесен инвалидитет, организрана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Ликовните дела се изработени за време на VI-та Меѓународна ликовна колонија  во Охрид во организација на Мобилност Македонија.

Целиот проект го стимулира ликовното творештво на  лица со телесен инвалидитет кој творат истовремено со  академските сликари, и  при тоа  се анимира и пошироката јавност пред која се промовираат сликарските способности на лицата со телесен инвалидитет.

Нејзиното организирање има претензии да покаже и докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предреасудите дека техничката изведба е најважна.