Изложба на фотографии на Белопета во Љубљана
Изложба на фотографии насловена „Поради џезот“ на Оливер Белопета, директор на „Скопски џез фестивал“, ќе биде отворена денеска во Културниот и конгресен центар Цанкарјев дом во Љубљана.
Со неговата изложба на фотографии официјално ќе почне и 58-то издание на „Џез фестивал Љубљана“. Ова е прва негова изложба на фотографии воопшто. Неговата љубов кон фотографијата започнува токму со неговите први посети на џез фестивалот во Љубљана во седумдесеттите години од минатиот век. Во периодот од 2000-2004 година, тој беше и уметнички директор на фестивалот во Љубљана.
Триесетте фотографии кои ќе бидат претставени се избор од повеќе музички фестивали ширум светот - Европа, Африка, се до далечната Азија.
Куратор на изложбата е познатиот фотограф Жига Коритник, а воведниот текст за неа го напиша публицистот и музички критичар Ичо Видмар. Изложбата ќе биде отворена до 2 септември.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка