Македонија
1. February 2017 - 10:49

Изложба на фотографии „Авантура 2017”

Изложбата на фотографии „Авантура 2017“ на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ ќе биде отворена вечерва во НЛБ галеријата во Скопје.

На изложбата која ќе биде отворена до 5 февруари ќе бидат изложени 80 селектирани фотографии од досегашните настани и активности кои ги има организирано Здружението во изминатите десет години.

На отворањето на изложбата ќе биде промовирана и програмата на активности и настани за оваа година.

Посетителите на изложбата ќе може да  видат и дел од богатата архива на фото документи снимени на различни локации во природа на спортски манифестации низ Македонија.