Македонија
15. October 2017 - 12:30

Излезеноста до 10 часот во Штип е 16 проценти

Во Штип во 10 часот своето право на глас го искористиле 16 проценти од гласачите, кои се на избирачкиот список, информира претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.

Таа истакна дека изборите течат мирно на 80-те избирачки места, каде право на глас имаат 42.083 избирачи.