Живот
6. October 2017 - 14:39

Излезе од родилиштето во мини фустанче: Еве како изгледа Јована четири дена по породувањето

Водителката Јована Јоксимовиќ во неделата навечер се породи во една приватна клиника во Белград и на свет ги донесе близначките Ана и Срна.

 

 

Гордиот татко Жељко веднаш таа вест ја објави на својот Твитер, а пред два дена организираше и гламурозна прослава по повод раѓањето на близначките.

Денеска популарниот пејач дојде по сопругата и близначките во придружба на синот Коста. Водителката од приватната клиника излезе видно расположена и насмеана во фустанче над колената.

Многумина искоментираа дека Јована изгледа совршено, како и да не се породила.