Македонија
26. July 2017 - 12:43

Излетале од патот, кичевчанец без свест на Ургентен - полицијата откри што имале во багажникот

Во 16 часот и 40 минути на магистралниот пат Кичево-Македонски Брод, кај селото Другово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ во кое се превезувале 28-годишниот А.Ш. и 29-годишниот М.А. од Зајас-Кичево, излетало од коловозот и удрило во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ш. и истиот во безсознание е пренесен во Ургентен центар-Скопје.

Полицијата денеска информира дека увид на лице место извршиле Основен јавен обвинител и екипа од Полициска станица Кичево, при што во багажникот на возилото се пронајдени пет куршуми, а во непосредна близина пронајдена е една автоматска пушка завиткана во тепих.

По дадени овластувања од Јавен обвинител, во врска со основи на сомнение за сторено кривично  дело „недозволено држење оружје или распрскувачки материјали“, М.А. во 20,00 часот е приведен во Полициска станица Кичево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.