Македонија
24. September 2016 - 14:48

Излетал од пат и удрил во метален столб - страшна несреќа во Македонија

Пет минути по полноќ во Штип на улицата „Гоце Делчев“, наспроти „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода во која возило „Шкода Фабија“ на  42-годишниот Б.К. од Штип, излетало надвор од коловозот и  удрило во метален столб за улично осветлување, по што слетало покрај патот. Со возило на Итна помош возачот бил пренесен во во Клиничка Болница - Штип каде му  била констатирана фрактура на черепот, а поради сериозноста на повредите бил препратен  во Клинички Центар – Скопје.

Увид  на лице место е извршен.