Македонија
21. March 2016 - 12:56

Излета автомобил кај Тетово, тројца тешко повредени

Вчера во 03.50 часот на регионалниот пат Волковија-Тетово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ж.Б. (21) од Тетово, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди, опасни по живот, се здобил сопатникот во Ј.И.(21), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ѓ.Ј. (21), сите од Тетово.

Тројцата се пренесени во Клинички центар-Тетово, каде им е укажана лекарска помош, а Ј.И. како итен случај е префрлен  во Ургентен центар-Скопје, каде е задржан на лекување.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Тетово.