Македонија
3. July 2017 - 19:47

ИЗИС испрати тим во проверка на состојбата со оштетени објекти

По земјотресот во Охрид може да се очекуваат оштетувања на над  200 постари објекти но тие ќе бидат не значителни вели директорот на ИЗИС. Од пријавите на граѓаните до сега се регистрирани одредени пукнатини на ѕидови од куќи, изронувања на малтер, срушени оџаци, но штетите допрва ќе се утврдуваат. Од институтот се испратени 3 екипи кои ќе вршат увид на земјиштето и  објектите во Охрид.  Според Гаревски проблематични се доградбите на старите куќи и бара од институциите строго да забранат да се гради на вакви објекти бидејќи штетите  од нив не можат да се предвидат.

Раседите во овој регион се познати за сеизмолозите но со оваа јачина или посилен  земјотрес не треба да се очекува во скоро време вели директорот на ИЗИС . По земјотресот попладнево нормално е да има неколку афтер шокови но Гаревски повикува  на смиреност кај граѓаните.

Директорот на ИЗИС  тврди дека ваква магнитуда од 5 степени не може да предизвика катастрофални последици. Охридско корчанскиот регион е сеизмолошки активен а низ годините најсилни потреси биле со магнитуда од 6.7 степени со епицентар во Подгорица.