Македонија
13. January 2018 - 12:56

Изгубил контрола и се забил во дрво - Тешка несреќа во Македонија

Во текот на вчерашниот ден се случиле многу несреќи на македонските патишта, а една од нив се случила во 17 часот и 15 минути, во близина на крстосницата кај селото Амзабегово, светиниколско.

28-годишниот Б.В. од истото село, управувајќи патничко моторно возило “форд фокус“ со штипски регистарски таблички, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, загубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво, соопштува полицијата.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот центар Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.