Џет-Сет
30. April 2017 - 10:58

Изгуби Кличко, вториот напад не го "преживеа" - ова е новиот светски шампион

 
На боксерскиот спектакл што се одржа на Вембли пред рекордни 90.000 гледачи Британскиот боксер Ентони Џошуа го совлада Украинецот Владимир Кличко со технички нокаут во 11. рунда и ги освои титулите ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија.
 
Украинецот два пати беше нокаутиран но првиот пат во петтата рунда кога сепак успеа да се поврати но вториот напад не го преживеа.
 
Ова е 16-та победа на Џошуа во кариерата и сите со нокаут, додека на Кличко кој е 14 години постар од ривалот ова му е 5-ти пораз во 64-тиот професионален меч.