Изгубениот американски воен брод од Втората светска војна пронајден по 72 години
Американскиот воен брод од Втората светска војна „Индијанополис“ е откриен на дното од Пацификот, 72 години откако една јапонска подморница го потопи.
Бродот е откриен на длабочина од 5.500 метри, од страна на специјален цивилен тим трагачи, опремени со специјално дизајнирано возило за подводни истражувања, што го предводел ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален.
„Индијанополис“ - тешко вооружен брод- крстосувач, во моментот на потопувањето се враќал од „супер тајна мисија“ за испорака на делови за атомската бомба, што подоцна беше фрлена врз Хирошима.
Од 1.196 морнари и членови на екипажот, се спасија само 316 лица, па потопувањето на овој брод, се смета за најголемата загуба на луѓе на море во историјата на американаката воена морнарица.
Бродот бил погоден од јапонско торпедо на 30 јули 1945 година, два месеци по завршувањето на војната и само една недела пред да биде фрлена првата атомска бомба.
Нападот и потопувањето се случило во Филипинското Море, на просторот меѓу островот Гуам и Лејте. Околу 900 морнари го преживеале јапонскиот напад, но по четири денови поминати на отворено море, полно со ајкули, спасувачите од морето извлекле само 316 преживеани.
Тајноста на мисијата не дозволувала да се знае за трасата по која пловел бродот, па кога бил погоден не бил испратен повик за помош и долго време не се знаела точната локација на потонувањето.
Во САД се уште се живи 12 преживеани членови на екипажот на „Индијанополис“.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка