Бизнис
8. October 2015 - 20:00

Изградбата на 6 регионални патишта и рехабилитација на последната делница од коридор 10

Почнува есенската градежна офанзива. Во наредните два месеци ќе стартува изградбата на шест регионални правци и рехабилитацијата на една автопатска делица.

До крајот на овој месец ќе почне реконструкцијата на последната делница од Коридорот 10,  потегот од Смоквица до Гевгелија со должина 10 км. Инвестицијата тежи 7 милиони евра.    

Истовремено, ќе почне изградата на патните правци Клепач – Новаци, Бошков мост – Дебар, Делчево - Голак, Мелнички мост - Центар Жупа, Лажани – Ропотово – Црнилиште, Кривогаштани – Обршани – Воѓани. Вкупната должина на овие патишта  изнесува над 54 километри, а во нив ќе бидат инветсирани близу 9 милиони евра.

Во моментов низ Макеоднија се градат или реконструраат над 100 километри магистрални и регионални патишта вредни 37 милиони евра

Паралелно тече изградбата и на трите автопати.

Моментално имаме градежна офанзива и експанзија секаде во Македонија. Прв пат во историјата се градат три автопатишта- инвестиција вредна преку 800 милиони евра, преку 155 километри автопатска делница. Зборуваме за нови автопатишта, тоа се Демир Капија- Смоквица каде постојано се работи, Миладиновци – Штип одличен автопат кој ќе го намали времетраењето на патувањето, а ќе добиеме една нова автопатска делница и оној најпосакуван од сите граѓани, а тоа е Кичево- Охрид. Тоа се три нови модерни автопатишта, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски за Сител.

Владата годинава инвестира 7,2 милиони евра во локални патишта – 28 се завршени, кај 17 во тек е реконструкцијата.

Инветсициите во  инфраструктурата ќе продолжат и следната година. Покрај изгрдбата на автопатите, ќе бидат реконструирани десет регионални патни правци.