Македонија
27. May 2017 - 17:53

Изградба на нова детска градинка во општина Гевгелија

Започна изградбата на нова детска градинка со капацитет од 50 деца во населеното место Прдејци, во општина Гевгелија.

Градинката, како што информираат од општина Гевгелија, ќе има три простории во склоп на подрачното основно училиште „Ристо Шуклев“, од кои една потполно новоизградена училница и две реновирани училници од училиштето.

Директорот на детските градинки „Детска Радост“ од Гевгелија, Фроска Ристовска информира дека вредноста на целокупниот објект е 4.884.971 денари и дека средства обезбедени од општинскиот буџет со цел да се подобрат условите за згрижување на децата од предучилишно образование во општината.