Изгорена куќа, две плевни и шума во Крива Паланка
Изминатите 24 часа на подрачјето на Крива Паланка се случиле два пожари, од кои едниот се уште не е ликвидиран.
Од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка информираат дека во едниот пожар, кој избувнал вчера околу 17 часот, во село Длабочица, опожарена е вкупна површина од девет хектари, додека рано утринава избувнал пожар во село Градец, каде се опожарени два хектари шума, бор и листопадни дрвца.
Во гасењето на двата пожари активно се вклучени и екипи на Јавно претпријатие Македонски шими и Подрачно шумско стопанство „Осогово“.
- Во пожарот во Длабочица опожарени се една куќа, две плевни, бандери, родни дрвца околу три декари и останата површина мешана шума и сува трева. Пожарот е локализиран околу 21 часот синоќа, но дел од старите дабови се уште горат. Екипи на ЈП „Македонски шуми“ дежураа во текот на ноќта и нашите пожарникари, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.
Посочи дека екипите се уште се на терен и работат на целосна ликвидација на пожарот, додека пожарот во село Градец, на локација спроти градската депонија целосно бил ликвидиран во 9 часот утринава.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење