-->
-->
Изгореа четири хектари борова шума над Слупчан
-->
Околу четири хектари борова шума изгореа во пожар кој избувнал вчера околку 18:30 часот над липковското село Слупчане, соопшти денеска РЦУК.
Поради непристапниот терен екипите на ТППЕ Куманово не можеле да интеревенираат, информира во дневниот билтен Регионалниот Центар за управување со кризи - Куманово.
- Пожарот целосно е изгаснат околу 22:00 часот од страна на петмина вработени од „Македонски шуми“, изјави денеска, директорот на кумановската подружница на ЈП „Македонски Шуми“, Ваит Саити. Тој нагласи дека и лани над Слупчане гореше борова шума, но на спротивна локација од сегашната.
Причината за настанување на пожарот и предизвиканата материјална штета засега не се познати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море