Македонија
29. јуни 2017 - 15:39

Изгоре старото Инфективно одделение во Прилеп

Околу 10 часот на улицата „Трајко Тарцан" во Прилеп, од непознати причини настанал пожар во просториите на објектот на старото Инфективно одделение во кругот на Јавната здравствена установа – општа болница „Борка Талески", кој не е во употреба и кој е исклучен од електричната мрежа.

Од пожарот изгорела стара документација и дел од таванот на објектот. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полицијата во Прилеп. 

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.