Македонија
19. February 2018 - 10:12

Изгоре семејна куќа во Охрид - едно лице загина

Охриѓани потресени од вчерашната трагедија, откако изгоре семејна куќа и во неа беше пронајден мртов маж. Како што информираат од МВР, вчера околу 18.00 часот во село, Песочан-Општина Дебарца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т. При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице.

Како што информираат од МВР, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.