Македонија
23. January 2017 - 14:19

Изгоре работилница за брикети во Бутел

Синоќа во 23.20 часот во Скопје на ул. „Бутелска-7“, во лимен објект – работилница за изработка на брикети, сопственост на Д.Н.(31), избувнал пожар во кој бил опожарен целиот објект.
 
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.