Живот
26. October 2016 - 21:14

Изгледало како бебето да надувало балон, а потоа лекарите на мајката и откриле ужасна вистина

Додека го правела вообичаениот ултразвук за време на бременоста, Теми Гонзалез од Мајами дознала ужасни вести. Лекарите го виделе бебето кое како има надуван балон од својота уста. Сепак, тоа не бил балон туку тумор наречен тератом.

Овие тумори се ретки и најчесто се смртноносни. Лекарите на време и рекле на Теми да го абортира бебето бидејќи во спротивно ситуацијата би можела да биде фатална за двајцата. Теми одлучила за трета опција која подразбира операција која никогаш не е извршена. Главниот доктор Рубен Квинтеро се сложил со енјзината одлука. За време на операцијата Теми била будна. како што вели, се чуствувала како заробена во некоја цевка, но еднинствено на тој начин лекарите можат да дојдат до бебето и да ја направат операцијата. 

Туморот навистина бил огромен за остранување, па успеале само да го пукнат, а кога бебето после неколку месеци било родено, туморот додатно изгубил од големинаат, и на крајот целосно исчезнал. 

За среќа бебето денеска е здраво и живо и без никакви проблеми.