Живот
24. November 2017 - 11:05

Изгледа како сосема обична фотографија: Приказната која се крие зад неа ќе ве расплаче

Амбулантната служба на австралиската држава Квинсленд објави една наизглед обична фотографија, но приказната која се крие зад неа ќе ви ги насолзи очите.

Се гледа како еден од членовите на амбулантните служби стои пред болнички носила и гледа во морето.

Меѓутоа, не може да се забележи дека на носилата е пацентка смртно болна, чија последна желба била уште еден, последен пат да го види морето и плажата.

-Екипата ја превезуваше пациентката на палијативна нега во локалната болница и таа изрази желба да ја види плажата и морето последен пат. Иако тоа е надвор од прописите, екипата и ја исполни желбата на пациентката, свртеа од патот и застанаа покрај една мала убава плажа.

-Пациентката плачеше од среќа. Понекогаш не е до умеење, знаење, лекови туку сочуство. Тоа е она што прави разлика, вели Хелен Доналдсон, една од вработените во амбулантната служба.