Македонија
9. October 2015 - 16:32

Изгладнети коњи со отворени рани, опасни кучиња, пластика и отпад на зелени површини, среде Скопје никнаа номадски ромски кампови

Изгладнети коњи со отворени рани, опасни кучиња, пластика и отпад на зелени површини. Ваква е сликата во импровизираните кампови и картонски куќи кои скопските роми ги градат да бидат поблиску до централното градско подрачје.

Кејот на Вардар на потегот од салата Борис Трајковски до Градскиот стадион, на неколку места е диво населен. Таму се собира пластика, секаков вид шут и отпад, а со тоа се создаваат диви депонии во непосредна близина на градскиот парк.

Токму третманот на животните е прашање на кое реагираат голем број од жителите на Скопје. Фотографиите сведочат за незавидната положба во која се наоѓаат гладните коњи кои секојдневно се измачувани од страна на сопствениците. Исто така горлив проблем остануваат и кучињата кои се движат заедно со овие луѓе, и кои минатите години во агресивни напади повредија неколку жители на Скопје. Побаравме одговор од институциите кои сеуште неможат да најдат решение за ова прашање.

- Информирани сме за состојбата со животните кои се во сопственост на луѓето кои диво се населиле во овој дел од градот. Ја имаме потребната опрема за нивно заловување но проблем е транспортот и сместувањето на коњите. Во Вардариште нема услови за нивно чување, додека во хиподромите кои се наоѓаат на територија на Скопје не сакаат да ги примат поради фактот што не се во добра здравствена состојба.