Македонија
14. February 2018 - 15:33

Изгаснат пожарот во Кисела Вода

Пожарот во населбата Кисела Вода е изгаснат и нема повредени лица.

Опожарени биле два кревета од заедничката просторија на зграда на улицата „Томе Томшиќ“ во близина на „Пелагонија“.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје информираат дека поради големиот број јавувања за пожарот на лице место биле пратени четири противпожарни возила и десетина пожарникари.