Македонија
4. October 2017 - 12:28

Изгаснат пожарот на врвот Добра Вода кај Кичево

- Целосно е изгаснат пожарот што избувна синоќа во близина на врвот Добра Вода, информира Општина Кичево.

Интервенираа Противпожаната единица на Кичево и Јавното  шумско претпријатие „Лопушник“.

Според Општината, припадниците на Противпожарната единица и натаму ќе ја следат состојбата и ќе дежурат на терен.