Македонија
6. October 2017 - 14:25

Изгаснат пожар на сува трева кај Ре-медика

Пожар на сува трева и нискостеблеста шума во близина на приватната болница Ре-медика денеска околу 13 часот беше причина за пренасочување на сообраќајот на улицата „Коце Металец“, информираат од МВР. 

Пожарот веќе е изгаснат, а улицата е пуштена за сообраќај.

Од Противпожарната бригада на град Скопје потврдуваат дека станувало збор за помал пожар и оти на терен интервенирале со едно возило и тројца пожарникари.