Изгасен пожарот во близина на Трескавец, активни уште два во Прилепско
Изгасен е пожарот што вчера и ноќеска му се закануваше на манастирот Трескавец кај Прилеп. Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна едиинца, преку сто доброволци се јавиле на повикот и во раните утрински часови пожарот е изгаснат, но во текот на денот жариштето го чуваат околу 70 луѓе.
Меѓутоа, еден крак од пожарот е се уште активен во нискиот дел, кон селата Горно Село и Мраморани. Гори сува трева, работат екипите и активирани се околу 30 луѓе.
- Во Прилепско се активни уште два големи пожара. Едниот е во атарот на селата Бонче и Крушевица. Таму се зафатени 150 хектари мешана шума и теренот е тешко пристапен. Веќе пет-шест дена е активен и пожарот околу прилепското село Никодин. Таму се зафатени околу 250 хектари дабова и букова шума. Вчера беше интервенирано со хеликоптер од АРМ, а денеска се очекува да пристигнат канадери од Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Колески.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок