Балкан
17. February 2017 - 21:12

Изетбеговиќ најавува ревизија на тужбата на БиХ против Србија

Стотина експерти и претставници на невладини органзиации и на властите од Босна и Херцеговина денеска го поддржаа поднесувањето барање до Меѓународниот суд за правда за ревизија на пресудата по тужба на БиХ против Србија за геноцид, јавија сараевските медиуми.

Десетгодишниот рок за поднесување такво барање истекува на 26 февраури.

Советувањето беше одржано денеска зад затворени врати во Сараево.

Бошњачкиот член во Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ во обраќањето на собирот рече дека заеднички став бил дека Босна и Херцеговина треба да побара ревизија на пресудата во Хаг.

Таа одлука отвора многу прашања, бидејќи е нејасно дали Изетбеговиќ може да поднесува такво барање, со оглед дека двата останати члена на Претседатлството - српскиот претставник Младен Иваниќ и хрватскиот Драган Човиќ не поддржуваат таква одлука, јави Танјуг.

Иваниќ претходно рече дека таква постапка на Изтебеговиќ би претставувала кршење на Уставот на БиХ.

БиХ ја поднесе тужбата за геноцид против тогашна Сојузна Република Југославија (СРЈ) во 1993 година. Тоа беше прв случај во 60-годишната историја на Судот една држава да тужи друга за геноцид.

Меѓународниот суд на правдата на 26 февруари 2007 година пресуди дека Србија, како првен наследник на СРЈ, не може да биде сметана за осговорна за геноцидот во Сребреница, но сепак оцени дека Белград ја прекшил Конвенцијата за геноцид, со тоа што не ги привел и не му ги предал на Хашкиот трибунал извршителите на ова злосоторство.

БиХ во тужбата тврдеше дека Србија, односно СРЈ, е директно одговорна на геноцид извршен на целата територија на Босна и Херцеговина со цел „да се уништи муслиманско-бошњачкото население“ во змејата.