Издадена е потерница за две лица поради експлозијата во Санкт Петербург
Русија издаде потерници за две лица поради нивната наводна поврзаност со експлозијата што се случи денеска во метро во Санкт Петербург.
- Две лица се бараат поради сомнение дека ја планирале експлозијата. За едниот човек постои сомнение дека ја поставил експлозивната направа во вагонот, додека за другиот дека поставил бомба на самата станица на метрото, наведе неименуван извор, пренесува БТА.
Портпаролката на рускиот Истражен комитет Светлана Петренко наведе дека членовите на Комитетот ги испитуваат сите околности, како и дека специјалната екипа од истражители и форензичари на самото место ги собира сите делови од експлозивот и ги испитува сведоците, јави ТАСС.
Петренко наведе дека според прелиминарните резултати, возачот постапил правилно бидејќи не го запрел возот, туку продолжил да вози кон следната станица, со што се овозможила евакуација и укажување на медицинска помош за повредените.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари