Свет
7. December 2017 - 18:25

Издаден налог за апсење на поранешната претседателка на Аргентина

- Федерален суд во Аргентина нареди денеска да биде симнат имунитетот на сенаторката и поранешна претседателка Кристина Кирхнер заради истрага за атентатот во 1994 година врз еврејскиот културен центар во Буенос Аирес, во кој загинаа 85 лица.

Судот нареди да бидат уапсени и поранешниот министер за надворешни работи Ектор Тимерман и други високи службеници.

Против Кирхнер се води и судски процес за „предавство“ поради договорот кој го потпишала со Техеран за осомничени нарачатели на нападот да бидат испрашани од аргентински претставници во Техеран.

За да и биде симнат имунитетот, треба да гласаат две третини од сенаторите. Таа беше избран за сенатор во октомври, но ќе ја преземе функција на 10 декември. Нападот врз Еврејскиот центар е најтешкиот во историјата на Аргентина со 85 жртви и стотици ранети. Оттогаш никој не презел одговорност за него. Израел и аргентинските судство го обвнуваат Иран.