Свет
11. May 2016 - 8:36

Избрани првите финалисти на „Евросонг“

Во финалето на „Евросонг 2016 година“ на 14 мај во Стокхолм, освен „големата петорка“ ќе настапат и претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта. 

На овогодинешниот  музички натпревар ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа  и Австријалија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи утре, во втората полуфинална вечер, под реден број осум. 

Шведска по третпат е домаќин на Евросонг.