Македонија
15. September 2015 - 19:06

Избран специјален јавен обвинител – Од редовите на постојните обвинители

Катица Јанева ќе биде нов специјален обвинител. По целоноќни преговори утрово околу 8 часот четирите најголеми политички партии и странските олеснувачи се договорија гевгелиската обвинителка да ја води истрагата за птислушувањата и случајот Пуч. 3 часа претходно тие го усогласија и посебниот закон кој денеска го изгласа Собранието

Сите политички партии велат дека се задоволни и имаат свои очекувања

Независните пратеници се противат на законското решение кое според нив има многу пропусти

Извори од ВМРО-ДПМНЕ за Сител велат дека целта е постигната бидејќи изборот на специјалниот јавен обвинител  ја тргна и последната пречка за одржување на предвремени парламентарни избори во април годинава, датум од кој според партиски извори СДСМ бега како од оган.

Според законот специјалниот обвинител ќе биде автономен и ќе има сопствен буџет. Ќе може сам ќе ги предлага своите помошници а за нивниот избор ќе решава Советот на јавни обвинители.  Помошниците на обвинителот ќе имаат овластување да ги застапуваат обвиненијата но не и сами да поднесуваат обвинителни акти, со што паднаа во вода обидите во целиот процес да се инфилтрираат луѓето на СОРОС како заменици обвинители и и преку нив, целата постапка да се стави во функција на интересите на СДСМ

Јанева ќе има мандат од 4 години со можност за реизбор како и рок од 18 месеци во кој ќе може да поднесе обвинителни акти.