Македонија
25. November 2017 - 11:21

Избор на заменици на генералниот секретар на Собранието

 Собранието на Република Македонија денеска, пред да го именува новиот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, ќе ја одржи осмата седница на чиј дневен ред е именувањето заменици на генералниот секретар на Парламентот.

За заменици се предложени Мики Милковски од Ранковце, дипломиран правник, Маријана Кацарска од Струмица, дипломиран правник со положени правосуден, нотарски и испит за извршители, и Ермира Асани - Салија од Гостивар, дипломиран правник.

Пред пратениците во рамки на оваа осма седница се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог-законот за докторска дејност, дополнувањата на Законот за исплата на плати, измените на Законот за извршување, измените на Законот за јавно обвинителство,..., сите во прво читање.

На седницата се и предлог-измените на Законот за аудио и аудио-визулени медиумски услуги