Избор на најдобрите на „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“
Фондот за иновации и технолошки развој денеска во Скопје ќе ги прогласи победниците на натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“.
На натпреварот „паметна автобуска постројка“ се изработуваше идејно решение за автобуска постројка на улицата „Димитрие Чуповски“, а победникот на хакатонот ќе патува на глобалниот хакатон за транспорт кој ќе се одржи во Канада, а е организиран од Youth for Public Transport.
„Скопски автобуски хакатон“ е организиран од Фондот за иновации и технолошки развој, во партнерство со Град Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
Во рамки на „Скопски автобуски хакатон“, ЈСП распиша јавен повик до сите заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.
Натпреварот „Паметна автобуска постојка“ е во организација на Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП.
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино