Балкан
22. October 2015 - 17:23

Избоден маж во судир меѓу бегалци на хрватско-словенечката граница

Словенечката полиција соопшти дека едно лице било избодено во судирот меѓу бегалците кои од Хрватска влегуваат во Словенија, пренесоа американските медиуми.

Полицијата информира дека инцидентот се случил рано утринава, во близина на граничниот премин Ригонце.

Ранетиот бегалец веднаш добил медицинска помош.

Заради студеното време и нараснатиот бегалски прилив кон Западна Европа, зголемено е нетрпението и раздразнетоста меѓу бегалците, пред се затоа што луѓето чекаат во долги редици на границите, пресекувајќи од една држава во друга, забележуваат американските медиуми.