Спорт плус
7. May 2017 - 16:13

Ивановски победи на полумаратонската трка

Во категоријата полумаратон на стазата долга 21 километар најдобри беа  Дарио Ивановски, Атанас Анчевски и Милош Ранчиќ, сите тројца од Македонија. Во женска конкуренција првите три места ги зедоа трите сестри близначки  Лејла, Лина и Лили Луик од Естонија. Интересно е што трите сестри до целта пристигнаа во исто време, односно имаа скор од 1 час, 26 минути и 7 секунди.