Македонија
22. November 2015 - 19:56

Иванов со остра порака до Туск - Ако Балканот беше интегриран во ЕУ полесно ќе ја ндаминевме бегалкста криза

Македонија ги сноси последиците од неможноста, Европската унија да го разработи механизмот за распределба на бегалците. Претседателот Ѓорѓе Иванов по денешната средба со првиот човек на европскиот совет Доналд Туск упати остра порака и побара од Унијата финансиски да и помогне на Македонија. Според Иванов државата досега има потрошено 10 милиони евра за покривање на трошоците кои ги носи бегалската криза. Според претседателот новите насоки за пропуштање само на лицата од земјите во воено кризна состојба дополнително ја влошуваат состојбата бидејќи се појавува незадоволство кај економските мигранти кои неколку дена ги блокираат бегалците. Токму тоа може предизвика низа инциденти во следниот период.

Остра реакција од Иванов до Туск имаше и по однос на евроинтеграциите на Македонија, бидејќи како што подвлече претседателот Европскиот совет години наназад неможе да најде начин да се справи со Грција која постојано застанува на европскиот пат на Македонија.

Доналд Туск од друга страна е свесен за миграцискиот процес со кој се соочува Македонија и изјави дека ќе се залага за потесна соработка меѓу загрозените држави од балканската рута.

Првиот човек на европскиот совет е во посета на Македонија со цел да ги увиди реалните состојби со бегалската криза на терен. Тој беше и во посета на Србија а по Македонија ќе ги посети Хрватска и Босна и Херцеговина.