Иванов се сретна со поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов
Претседателот Ѓорге Иванов синоќа во Охрид оствари работна вечера со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, кој на покана на македонскиот претседател е еден од предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери.
На средбата, Иванов и Стојанов размениле мислења за билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и за актуелните прашања од регионот.
Двајцата соговорници, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, се согласиле дека двете земји треба и во иднина да ги унапредуваат добрососедските односи, да соработуваат во сферата на евроатлантските интеграциски процеси, и во сите области кои се во интерес на мирот, стабилноста и развојот на регионот.
Стојанов се заблагодарил на поканата за учество, поздравувајќи ја иницијативата на претседателот Иванов за одржување на една ваква Школа за млади лидери, како и неговите лични заложби за надградување на образованието и лидерските способности на младите и талентирани луѓе од Република Македонија.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра