Иванов се обрати на форумот „Мир и спорт“ во Монако
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска пред учесниците на 10. Меѓународен форум „Мир и спорт“, што се одржува во Монако, порача дека спортот придонесува за помирување, сплотување на луѓето и надминување на предизвиците од денешницата, соопшти Кабинетот на Претседателот.
- Спортот е фактор кој придонесува не само за помирување, туку за постигнување на оние вредности кои се неопходни за едно општество да гради здраво поколение, бидејќи младите се тие на кои најмногу им е потребно она што го нуди спортот – натпревар и градење на здрави луѓе, во здраво општество, кое ќе биде едноставно посветено на мирот и на просперитетот, рекол Иванов, кој третпат учествува на меѓународниот форум „Мир и спорт“.
Иванов оценил дека овие меѓународни форуми придонесуваат во изнаоѓање решенија за глобалните проблеми и предизвици и ја истакнал потребата од иновативност и креативност во спортот.
Десегодишнината од меѓународниот форум „Мир и спорт“ во Монако се одбележува во присуство на околу 500 претставници од држави од сите континенти, нобеловци, луѓе од спортот, од политиката, од бизнисот, невладиниот сектор.
Темата на годинешното јубилејно одржување на форумот е „Иновации во спортот во функција на општествена трансформација“.
Како што најавуваат од Кабинетот на Претседателот, во рамки на учеството на меѓународниот форум „Мир и спорт“ претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со принцот на Монако, Алберт Втори.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца