Иванов - Орбан: Неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Македонија
За Унгарија неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. Нови предвремени избори се единствено исправно решение за излез од политичката криза во Република Македонија, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на средбата со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Будимпешта.
На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за севкупната поддршка што Република Македонија ја добива од Унгарија во однос на нашето уставно име, за предизвиците од илегалната миграција, како и за унгарската иницијатива за осуда на Тиранската платформа на последниот состанок на Европскиот совет.
Воедно, македонскиот претседател го запозна својот соговорник со актуелните состојби во Република Македонија и за можните решенија за излез од кризата и ги повтори добро познатите ставови - или да се отстранат пречките за мандат или да се одржат нови избори.
Премиерот Орбан нагласи дека Унгарија има цврст став против Тиранската платформа и додаде дека стабилноста на ЕУ е невозможна без стабилноста на Република Македонија.
- Македонија ја има и ќе продолжи да ја има поддршката од Унгарија, рече унгарскиот премиер, запознавајќи го претседателот Иванов за неговиот став на Европскиот совет и немањето консензус во однос на прашањето за предизвиците со кои се соочува нашата држава.
Орбан нагласи дека ЕУ имаше погрешен пристап кон Република Македонија и додаде дека нашата држава одамна требаше да биде членка на ЕУ и НАТО.
На средбата беше договорено да продолжи соработката и комуникацијата на сите нивоа и по сите прашања од заемен интерес. Се разговараше и за мигрантската криза и беше договорено одличната соработка да продолжи и во наредниот период.
Претседателот Иванов денеска оствари средба и со претседателот на Унгарија, Јанош Адер и со претседателот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела