Македонија
28. October 2016 - 16:03

Иванов - Николиќ: Соработка за справување со безбедносните предизвици

Втора средба на Претседателите на Македонија и на Србија Иванов и Николиќ по средбата во Битола, во рамките на која Николиќ присуствуваше на одбележувањето 100 години од битката на Кајмакчалан.

Безбедносната состојба во регионот виза ви мигрантската криза и натаму го оптоварува Балканот. Оттаму потребна е засилена соработка без да се чека на Европската Унија,

,,Нашите две земји не се одговорни за мигрантскиот бран кој оди кон Западна Европа. Ние не можеме ниту да го запреме, ниту да го ублажиме. На потег е Европската Унија која има механизми и пари’’, изјави Николиќ.

Почитувањето на спомениците и заедничко одбележување на настани води кон потреба од потреба од нов билатерален договор, сметаат Претседателите.

,,Со претседателот Николиќ повторно го покренавме прашањето за склучување на билатерален договор за заштита и користење на културно-историските споменици и обележја на териториите на двете држави.Сметам дека склучувањето на ваков ќе биде од заемен интерес и очекувам двете влади неодложно да почнат да работат и да формираат работни групи со цел негово усогласување’’, рече Иванов.

Николиќ упати и молба до Иванов во контекст на политиката на Србија која остро се спротивставува на членството на Косово во меѓународни организации

,,Го замолив уважениот колега и драг пријател, претседателот Иванов, Македонија на која сето ова и е добро познато принципиелно да ја поддржи Србија со гласање против членство на Косово во УНЕСКО, да го брани нашето историско наследство, како што го брани своето, изјави Николиќ.

Двајцата  Претседатели ја ревитализираа идејата за изградба на пловен канал што би го поврзувал Дунав со Егејското море, преку Морава и Вардар, за што постои интрес кај Србија, кај Македонија, но и кај Грција.

Иванов се сретна и со српскиот Премиер Александар Вучиќ

,,Освен билатералната средба на Претседателите Иванов и Николиќ и нивното обраќање на бизнис форумот на стопанственците од Македонија и Србија, двајцата претседатели заедно ќе учествуваат на одбележувањето 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина.