Македонија
3. December 2016 - 19:50

Иванов: Неопходно е да инвестираме во образованието и воспитувањето на младите

Бидете успешни не потклекнувајте пред предизвиците, бидете силни и храбри за да го добиете тоа што го посакувате. Најголемата тајна во срекниот и успешен живот е да го сакате тоа што го имате се само дел од пораките кои претседателот Ѓорѓе Иванов ги упати до младите лидери на конференцијата „Предизвици и можности за младите”којашто се одржува во Струга.

Mладите, талентирани и иновативни луѓе преку предавања и обуки од врвни професори ги надградуваат и усовршуваат своите вештини.

Инаку во изминатите седум години на Школата за млади лидери учествуваа 280 млади луѓе и 167 предавачи од земјава и од странство.