Македонија
26. April 2017 - 17:07

Иванов нема време за средба со Хојт Ји

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји во понеделник во Скопје ќе се сретне со политичките лидери. Како што најавија од амбасадата на САД, Ји доаѓа за да разговара со лидерите на најголемите политички партии за процесот на формирање влада.

„Хојт Ји доаѓа за да се види и разговара со политичките лидери во врска со статусот за формирање на влада, билатералните односи и реформите потребни за евроатлантската интеграција“, велат од Амбасадата.

Високиот функционер на Стејт Департментот нема да се сретне со Иванов. Од кабинетот на претседателот велат дека тој веќе има полна агенда. 

„До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше упатено барање за средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, нема можност за реализација на таква средба“, соопштуваат од кабинетот.

Ји беше во посета на регионот во март годинава но не допатува во Скопје. Тогаш од Загреб порача дека очекува лидерите и претседателот да направат се што е неопходно за брзо да се формира нова влада.

Во меѓувреме шефот на државцата во интервјуз а унгарската државна телевизија уште еднаш го повтори ставот дека нема да го додели мандатот за нова влада се додека постои политичката пречка а тоа е Платформата на албанските партии.

– Ако дадам мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава, јас ја доведувам во прашање независноста на државата и таа одлука може да биде оспорена. Затоа, превентивно кажав, кога ќе се отстранат правната пречка и политичката пречка нема ништо спорно да се додели мандатот. Но, додека не бидат отстранети правната и политичката пречка не можам да го доделам мандатот, вели претседателот Иванов во интервјуто за унгарската државна телевизија.

Иванов ги коментира и постапките за преиспитувањето на активностите на СОРОС во Макеоднија тврдејќи дека оваа структура стои и пзоади насилните протести во кои беше запалена народната канцеларија на претседателот.

СДСМ во реакција на интервјуто вели дека Иванов нема мандат да ја демолира целата држава и сите институции и дека блокадата за избор на нова влада ги загрозува државните и националните интереси.