Македонија
17. May 2017 - 11:41

Иванов ќе му врачи на Заев мандат за формирање Влада

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, информираат од кабинетот на Претседателот на РМ.

Врачувањето на мандатот следува откако претседателот Иванов доби известување од собранискиот спикер Талат Џафери дека е формирано парламентарно мнозинство.

Претседателот Иванов претходно одбиваше да го додели мандатот и бараше гаранции за зачувување на унитарноста на државата и почитување на Уставот.