Македонија
19. April 2017 - 16:49

Иванов-Иваниќ: ЕУ не само финансиски туку и инситутуционално да се вклучи во евроинтеграцијата на регионот

Состојбата во целиот регион би била поинаква доколку ЕУ  ги отвори поглавјата 23 и 24 коишшто се однесуваат на безбедноста и правните прашања, истакна претседателот Иванов по тет а тет средбата со претседавачот на претседтелството на БиХ кој е во дводневна посета на земјава.  Би х и Македонија се клучни за мирот и стабилноста на регионот истакнаа двајцата претседатели по средбата. Односите меѓу двете земји според Иванов и Иваниќ се едни од најдобрите во регионот бидејќи  меѓу нив нема отворени прашања. И двајцата побараа од ЕУ да се вклучи со помош  не само финансиски туку  институционално и вистински во евроинтеграцискиот процес на земјите.

На средбата Иванов и Иваниќ разговарале и за актуелната политичка состојба во државава. На прашањата за политичката криза и тиранската платформа, Иваниќ истакна дека било кое мешање во државата кое доаѓа однадвор не носи ништо добро а тоа  најдобро го знае Босна.  Иваниќ е уверен дека претседателот Иванов ќе ги донесе најдобрите одлуки за стабилноста и просперитетот на Република Македонија.

На тет а тет средбата Иванов и Иваниќ разговарале  и за отворање на авиолинија Скопје- Сараеви и  што поскоро потпишување на спогодба за патување на државјаните од двете земји со лични карти. Би Х  е една од најголемите економски партнери на Македонија а годишната размена изнесува 155 милиони долари.