Иванов: Договорот со Иран е чекор кој треба да води кон стабилизација
Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со амбасадорот на Исламска Република Иран во Република Македонија Саид Садег Мохамади.
На средбата, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, го поздрави постигнатиот договор на Иран со петте постојани членки на СБ на ОН и Германија за иранската нуклеарна програма, оценувајќи го истиот како историски позитивен чекор за земјите од регионот на Блискиот Исток.
- Договорот помеѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, претставува чекор кој треба да води кон стабилизацијаи поголема безбедност во регионот на Блискиот Исток, истакна претседателот Иванов, додавајќи дека неговата целосната имплементацијата ќе придонесе долгогодишните тензии и санкции да се преточат во конкретна економска соработка и градење доверба.
- Со договорот за Иран, за една стара цивилизација, земја со богата култура и традиции, се отвора можноста за ново поглавје, повторно да биде активен член во меѓународната заедница и да придонесува за регионалната и меѓународната безбедност, рече претседателот Иванов.
Унапредувањето на економската соработка и јакнењето на трговската размена меѓу Македонија и Иран треба да биде приоритет на двете земји, рече, посочувајќи на потребата од унапредување на договорната и правна рамка.
Според амбасадорот Мохамади, договорот гарантира дека иранската нуклеарна програма ќе биде исклучиво за мирољубиви цели и во функција на зацврстување на регионалната и меѓународната безбедност.
Иранскиот амбасадор изрази задоволство од укинувањето на долгогодишните економски санкции и дипломатска изолација и истакна дека договорот отвора нова перспектива во соработката со светот, што позитивно ќе се одрази на јакнење на меѓусебната доверба.
Во разговорите со Иванов, Мохамади го реафирмираше ставот дека Иран и во иднина ќе настојува на градење и развивање на билатералната соработка со Република Македонија во сите области од заемен интерес.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење