Иванка Трамп ќе го придружува американскиот претседател на неговата прва турнеја во странство
Иванка Трамп ќе патува со американскиот претседател Доналд Трамп при неговата посета на Саудиска Арабија, Израел и Италија, соопшти висок претставник на Белата куќа, цитиран од американските медиуми.
Иванка, како висок советник на претседателот, ќе го придружува нејзиниот татко во шест од неговата деветдневна турнеја, што почнува денеска.
-Таа ќе учествува во некои настани заедно со татко и, но ќе има и свои, изјавија од Белата куќа.
Во Саудиска Арабија, Иванка Трамп ќе учествува на тркалезната маса со саудиските жени, на која ќе биде разгледано учеството на жените во економскиот живот. Иванка сака да се запознае со предизвиците со кои се судруваат жените во оваа земја и со напредокот што го постигнуваат, рече изворот од Белата куќа.
Во Израел, Иванка, која го прифати јудаизмот со мажењето за Џаред Кушнер, заедно со претседателот ќе го посетат Ѕидот на плачот, а во Рим ќе се вклучи во дискусијата за шверцот со луѓе и ќе биде на аудиенцијата кај папата.
Ова ќе биде првата турнеја во странство за Доналд Трамп како претседател, но Иванка Трамп во април веќе имаше кратко патување до Германија, каде учествуваше на конференција посветена на помагањето на жените во бизнисот.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид