Ивана во тешка депресија после страотното злосторство: Од физичките рани заздравува, од оние на душата не
Ивана Панзаловиќ која за влакно избегна смрт откако во глава и пукаше вереникот наскоро би требало да излезе од болница, но се наоѓа во тешка психичка состојба и непреќинато плаче.
Таа се наоѓа на оделение за интензивна нега на Воено медицинската академија во Белград и успешно заздравува од повредите, но е во тешка депресија и не може да се помири со тоа дека Срѓан е мртов и дека се завршило на таков начин.
- Таа плаче без престан и е во тешка депресија. Иако го сакала Срѓан, по се што се случило се чувствува срамно бидејќи испливале некои детали од нивната врска, која била прилично турбулентна.
- Таа едвај чека да ја каже својата страна на приказната бидејќи многу и смета тоа што многумина тврдат дека била неверна. По цел ден молчи и тешко излегува на крај со целата оваа трагедија - рекол извор за "Ало" и додал дека таа не сака да види никој освен членовите на семејството.
По излегувањето од болница најверојатно одредено време ќе се повлече од работата и ќе ја напушти земјата се додека не задрави и физички и психички.
Трагедијата се случи во четвртокот околу 4.30 на улицата Коста Рацин во Дедиње.
Расправата помеѓу Ивана и Срѓан почнала околу 2 часот по полноќ. Таа повикала полиција бидејќи нејзиниот вереник ја бркал со нож во станот, меѓутоа додека полицијата пристигнала, покојниот хирург извадил пиштол и пукал во главата на актерката, а потоа мислејќи дека е мртва извршил самоубиство. За среќа раната со која се здобила Ивана Панзаловиќ не била фатална, иако според нејзините зборови, милиметри одлучувале за нејзиниот живот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море