Ивана и Магдалена ќе настапат 9. на детскиот Евросонг во Софија
По извлекувањето на редните броеви за редоследот на настап на претставниците на детскиот Евросонг, на македонските претставнички Ивона и Магдалена им припадна деветката за настап в сабота, во Софија.
Со Ивана и Магдалена ќе настапат и танчерките од балетското студио „Аква“, Ивона, Елена и Бисера.
Спојот помеѓу овие пет девојчиња, како што велат организаторите, е одличен, се надополнуваат една со друга и создаваат забавна зона во која уживаат сите кои го проследуваат настапот.
Пред нашите претставнички ќе настапи Русија, а на 10-то место е Белорусија. Фестивалот ќе биде отворен од страна на претставниците на Србија во 20 часот, додека, пак, Црна Гора ќе го затвори детскиот Евросонг, за потоа да се одржи и гласањето.
Досега најголемо достигнување за Македонија на детската евровизија беше петто место.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка