Македонија
19. January 2018 - 16:32

Иван Лотески од Охрид и Томче Голабоски од Струга најсреќни за Водици

Најмасовната црковно народна манифестација Богојавлениe Водици во Балканскиот Ерусалим и оваа година привлече огромен број на посетители .Меѓу стотиците верници кои утрово се фрлаа по светиот крст 27 годишниот Иван Лотески од Варош прв успеа да го фати крстот во водите на охридското езеро . Лотески за Водици се капи од од намала возраст а после 14 години скокање  ова е прв пат да го фати крстот.

Во градот на мостовите најсреќен  беше Томче Голабоски кој успеа да го фати крстот од реката Црн Дрим.На празнична атмосфера на осветување во Струга присуствуваше и премиерот  Зоран Заев.

Стружани велат дека овој празник ги сплотува народите и ја зацврстува верата.

Двата туристички центри се полни со гости а хотелиерите и угостителите ги намалија цените за 30 проценти. Празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид продолжува и утре со Денот на рибарите, поточно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител.